Kombninirani logoa (prazno_stubrand)

Првиот веб сајт за online огласување во Република Македонија, Пазар3 е и прв избор на македонските студенти за 2018 година.

Секој нов концепт се базира на потреба. Идејата за креирање на веб страница што ќе овозможи купување, продавање и размена беше реализирана летото 2006 година. Поставувањето на веб страницата беше проследено со огромен успех. Денес Pazar3.mk е водечкиот македонски купо-продажен пазар на Интернет мрежата, со 70 000 посетители на ден и повеќе од 1 600 огласи дневно.

Целта на Пазар3 Бизнис моделот е да обезбеди лесно, ефективно и безбедно огласување. Преку Пазар3, физичките лица и компаниите од Македонија може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети како никогаш досега. Целта на Пазар3 е постојано да го подобрува корисничкото искуство од онлајн огласувањето. Со користење на екстра опции за огласување, можноста за побрза продажба се зголемува.

Компаниите можат да користат неколку видови на промоција. Да регистрираат оглас или да отворат онлајн продавница. Компаниите сите производи ги имаат на едно место и достапни им се и најразлични статистики во однос на посетеност и детален увид на извршените трансакции на Pazar3.mk. Исто така, сите компании можат да се рекламираат со банер, во цела Македонија или одредена категорија или локација. Со минимален буџет, секој може да постави реклама што ќе достигне максимум гледаност.

Pazar3.mk Шопинг е друг дел, што е одличен за сите компании што имаат онлајн купување. Корисниците можат да пронајдат се што ќе посакат, со можност за споредување на цени на одредени производи и многу други поволности.

Pazar3.mk е присутен и на други пазари: Албанија – www.merrjep.al, Косово – www.merrjep.com, Србија – www.mojtrg.rs, Црна Горa – www.mojtrg.me.