Kombninirani logoa (prazno_stubrand)

Трета година по ред, македонските студенти ја избраа Шпаркасе Банка за нивна најомилена банка во Република Македонија и STUBRAND за 2018 година!

Шпаркасе Банка Македонија – традиција, сигурност и доверба!

Традицијата, сигурноста и довербата се синоними на Шпаркасе Банка Македонија, трајни вредности кои се дел и од нашето и Вашето секојдневие, дел од нашиот заеднички успех. Тие ни даваат за право да веруваме во заедничка иднина и во остварувањето на ефикасно и современо банкарство. Доказ за укажаната доверба во Банката се и остварените резултати во изминативе години и континуираниот развој на Банката. Банката ја заврши изминатата 2017 година со актива од над 305,5 милиони евра и близу  58.600 активни клиенти кои добиваат врвни банкарски услуги, во 26 најсовремени експозитури низ цела Македонија.

Нашата матична куќа Штаермеркише Шпаркасе, низ долгогодишната традиција од скоро два века е синоним за стабилност и континуитет во работењето со изградена препознатлива марка Sparkasse со црвено S.

Црвениот знак S значи:

– Сигурност, доверба и традиција, што ја прави партнер од доверба за вработените и клиентите;
– Солиден бизнис модел на силна и успешна групација кој е отпорен на криза;
– Економски успешен концепт кој ги следи принципите на општествена одговорност .

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, со билансна вредност од 15 милијарди евра, 233 експозитури и регионални центри, околу 2.751 вработени и околу  702.414  клиенти во Штаерска и Југоисточна Европа (според податоците од крајот на 2017 год.) е најголемата регионална банка на југот на Австрија.

Групацијата има долгорочна и одржлива стратегија на инвестирање во регионот, што ја прави партнер од доверба и инвеститор кој стои зад Шпаркасе Банка Македонија. Како членка на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, Шпаркасе Банка Македонија е дел од најсилната групација на банки кои се фокусирани на работењето со физички лица и мали и средни претпријатија во Европа.

“Во секоја врска најважни се луѓето”

Во фокусот на нашето работење се токму потребите на нашите клиенти и како истите да бидат најдобро опслужени. Во таа насока ги креираме нашите услуги, при тоа раководејќи се од современите европски текови, искуствата и know-how на Групацијата, потврдувајќи ја улогата на предводник во новите идеи и иновативни решенија во финансирањето и платниот промет.

За поддршка на населението, Банката нуди цела палета на производи и услуги направени по Ваша мерка и потребите на пазарот. Воведувањето нови производи, како и постојаното работење на квалитетот на постојните се наша примарна определеност.

Партнерство со малите и средни претпријатија

Успешната и долгорочна соработка со малите и средни претпријатија се доказ и резултат на заемната доверба и врвните експертски совети по прашањата од областа на финансирањето и проценките.

Нашиот тим на советници е секогаш на располагање и посветено се залага за изнаоѓање на најдоброто и најефикасно решение во зависност од потребите на клиентите, воедно и да испорача квалитетни и професионални услуги за поддршка на развојот на нивните бизниси.

Шпаркасе Банка е партнер кој го препознава потенцијалот на нашите клиенти и ја поддржува реализацијата на нивните планови преку широк спектар на производи и услуги:
– Финансирање на тековното работење;
– Проектно финансирање;
– Платен промет и управување со средства;
– Гаранции

Поддржувач на општествениот развој

Да се биде успешна банка, не значи само да се има висок капитал, голем број клиенти и иновативни производи. Тоа подразбира пред сè свесност за сопствената одговорност и влијание врз општествената заедница во која Банката делува.

Оттука, Банката е постојано активно вклучена во бројни проекти од областа на културата, спортот, образованието, науката и заштитата на животната средина.