Kombninirani logoa (prazno_stubrand)

Четири години по ред, најомилена газирана вода на студентите, DOBRA VODA – STUBRAND 2018!

Во една идеално чиста еколошка средина, на падините на Осоговските планини се наоѓа изворот Тополовиќ. Таму се раѓа една природна и чиста минерална вода, која ние ја нарекуваме Dobra Voda.
Изворот Тополовиќ претставува дел од еден од најголемите геотермални системи во Република Македонија- геотермалниот систем Здравевци Кратовско.
Она што ја прави нашата природна минерална вода толку посебна е тоа што Dobra Voda се полни од 503 метри длабочина и на површината излегува со темепература од 520С.

 Природна, чиста и освежувачка, минералната Dobra Voda се полни директно од самиот извор и така целосно недопрена од човекот претставува вистински избор за вас секаде и во секое време.  Достапна е во три вкусови и тоа: природно газирана (медиум), газирана и Dobra Voda со вкус на лимон.

Секој човек се стреми кон совршенство во личната благосостојба, благосостојбата на телото, умот и духот. Нашиот стремеж кон совршенството нѐ води до откритија!
Иновативноста е важна во секој сегмент од живеењето и за да бидеме први ние се инспириравме од поединци кои бараат повеќе од освежување.
Еден пионерски чекор нѐ однесе многу поблиску до совршенството.
Ние ги воведовме првите функционални води на македонскиот пазар. Dobra Voda active со природни екстракти на гуарана и женшен и вкус на бела праска, Dobra Voda wellness, со природен екстракт на ѓумбир и вкус на портокал и Dobra Vоda balance со природен екстракт на алое вера и вкус на зелено јаболко. Ние се грижиме за вашата благосостојба и затоа нашите функционални води се нискокалорични, богати со минерали, извор се на витамини од групата Б и не содржат бои и конзерванси.