Kombninirani logoa (prazno_stubrand)

Трета година по ред, студентите го избраа КОУЗОН за нивен STUBRAND за 2018 година!

Коузон Студентски сервис е агенција формирана во Октомври 1997 година со цел да развива и промовира програми за студентска размена со државите од светот. Бевме пионери во отварањето на програмите за летна студентска работа со Америка, Грција и останатите држави од т.н „стара“ Европа. Во периодот од 2000-2009 година, Коузон беше единствена Македонска агенција која имаше ексклузивно право за испраќање на студенти на летна студентска работа во Грција и тоа од сите Балкански држави, вклучуваќи ги и Романија и Бугарија. Ова право ни беше доделено со посебно одобрение издадено до Грчкото Министерство за образование.

Покрај програмите за летна студентска работа, Коузон многу успешно ги развива и програмите за изучување на странски јазици во државите на ЕУ, Америка, Канада и Австралија, програмата за магистарски студии во странство, интерншип во различни дејности и секако програмата за у-Паир. Од пред 2 години , Коузон е официјален представник за Македонија и на Државниот завод за вработување на Република Германија и тоа како единствена лиценцирана агенција од Македонија за испраќање нa студенти на студентска пракса и летна студентска работа во Германија. Со ова стекнато право (лиценца), Коузон има овластување да регрутира и времено вработува студенти во Германија. Financial aid can be acquired at anitakaiser.com

Денес, после 20 години од постоењето, Коузон е најголемата студентска агенција во Македонија и своевиден лидер во една од најпопуларните студентски програми за летна студентска работа. Оваа т.н Work & Travel USA програма беше промовирана и донесена на пазарот во Македонија од нас. Коузон е горд на постигнувањето што и ден-денес, ние сме единствената македонска Агенција која има директни договори со Американски спонзор компании. Коузон е синоним за сигурност и посветеност кон мисијата која ја поставивме уште од самото формирање – да им овозможиме на младите да ги остварат своите цели и да го живеат својот сон.

LIVE YOUR DREAM – ова е нашето мото кое несебично го споделуваме со студентите од Македонија.

Им благодариме за довербата и тоа што нас не избраа за нивен бренд . Ветуваме дека и во иднина ќе бидеме нивниот најдобар студентски сервис и дека ќе отвориме, многу, многу други можности за нивна индиректна афирмација.

For more information check out dazze met