Kombninirani logoa (prazno_stubrand)

Трета година по ред, бр. 1 агенција за млади во Македонија е RAPSODY – STUBRAND за 2018 година!

Rapsody Travel & Events е приказна која започна како ентузијастичка идеја на група млади луѓе за студентско организирање на апсолвентски екскурзии на своите факултети, а прерасна во концепт кој младите во Македонија го препознаа како свој начин на живот! Брендот Рапсоди препознатлив во 15 европски земји е лидер во организацијата на младински патувања и забави во последните 7 години и кај нас. Во светот на Рапсоди границите на класичните патувања се одамна поместени – нудиме се само не обично патување, а за тоа сведочат повеќе од 10.000 задоволни патници.

Иако главен сегмент од нашата работа е младинскиот туризам, сепак во последно време ја шириме дејноста на агенцијата кон задоволување на потребите на што поголем спектар на клиенти. На тој начин расте и нашата понуда со вклучување на понуди за викенд патувања, посета на голем број на атрактивни европски дестинации, популарни дестинации за летување или зимување, организација на службени и стручнипатувања, 8 мартовски патувања, тим билдинг патувања..

Ваше е само да изберете некоја од програмите од нашата програма и да уживате во движење, бидејки секое патување со Рапсоди е многу повеќе од обично патување !

Ние од тимот на Рапсоди ве покануваме во свет во кој се поставуваат досега невидени стандарди на добра забава, свет во кој емоциите и спомените се мерат во тони…

Ве покануваме на ролеркостерот – Рапсоди начин на живот !