Kombninirani logoa (prazno_stubrand)

Четврта година по ред, единствениот кабловски оператор без обврзувачки договори, ТЕЛЕКАБЕЛ е прв избор на студентите и STUBRAND за 2018 година!

Kомпанијата Телекабел оваа година го одбележува својот 22-ри роденден. 22 години ДОВЕРБА, што успешно ја гради во 12 градови во Македонија: Скопје, Штип, Битола, Велес, Струмица, Кавадарци, Кочани, Свети Николе, Радовиш, Неготино, Прилеп и Охрид.

Телекабел е единствената компанија со 100% македонски капитал и единствена компанија која од самиот почеток работи БЕЗ ОБВРЗУВАЧКИ ДОГОВОРИ.

Телекабел е компанијата што го направи првиот кабелски приклучок, како и првиот кабелски интернет приклучок во Македонија. Благодарение на конкурентните цени, квалитетот на услугите, големиот избор на канали и пакети прилагодени на потребите на корисниците, но и коректниот однос кон нив, Телекабел е компанија која секоја година бележи пораст во бројот на корисници. Со 24 часовна бесплатна грижа за корисниците, постојано вложување средства за квалитетни канали и одржување ниска цена за услугите, Телекабел денес има задоволни корисници кои ја претставуваат моќта и иднината на компанијата.

Студентите, како најискрени корисници и оваа година го препознаа квалитетот на услугите на Телекабел. Најголем број од нив, за првпат во текот на студиите започнуваат да живеат самостојно, надвор од своите домови. Токму тогаш студентите ги одбираат услугите на Телекабел, бидејќи единствено Телекабел нуди услуги без обврзувачки договори, неограничен интернет и неограничени телефонски разговори во својата мрежа, како и аналогна телевизија со над 60 канали и дигитална телевизија со над 100 канали со кристално чиста слика и звук. Доказ за позитивниот имиџ, како кај студентската популација, така и кај останатите корисници, се добиените награди во изминатите години: STUBRAND за 2015 , 2016  и 2017година, BestBuyAward за 2015/16 и 2017/18 година и Superbrands за 2011/12, 2013/14 и 2017/18 година. Телекабел 10 години по ред е во најуспешните 200 компании во Македонија, а во последните 4 години е во првите 100 најуспешни компании во државата.

Со квалитетно и професионално работење и мотото – КОРИСНИКОТ СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО, Телекабел е она што е денеска – една од најуспешните македонски компании  и македонски препознатлив бренд.